Царовска: Ќе продолжиме да инвестираме во училиштата за подобри услови за настава

Од:

Министрите за образование и наука, Мила Царовска и за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го посетија кумановското Основно училиште „Христијан Карпош“ во кое се во тек градежни активности за реконструкција. Средствата во висина од 8,9 милиони денари за замена на покривот, подовите, прозорците, тоалетите ги обезбедува МОН.

Царовска истакна дека МОН и Владата ќе продолжат да инвестираат во училиштата низ државата, за да се обезбедат подобри услови за квалитетно одвивање на наставата.

– Среќна сум што учениците новата учебна година ќе ја започнат во објект во кој ги подобруваме условите за настава. Како Министерство и како Влада изминатиот период покажавме дека заедно со локалните самоуправи исклучително ни е важно создавање квалитетно образование за секое дете и тоа во целата држава, во секој град и населено место. Нашата цел е да создадеме идни генерации кои ќе бидат непроценлив потенцијал на нашата држава, а тоа можеме да го постигнеме само преку вложувања во образовниот систем. Ова го потврдуваме не само со силни инвестиции во инфраструктура, туку и со розвојот на квалитетни и современи наставни програми и со поддршка на наставниот кадар, изјави Царовска.

Министерката посочи дека со реконструкцијата на училиштата и обезбедување со потребната опрема и ентериер, забрзано се работи и на подготовка на нови материјали за учење за прво и четврто одделение кои ќе се користат од новата учебна година, како и на обуки и обезбедување на континуирана поддршка за наставниот кадар.

– Исто така, би сакала да напоменам дека МОН постојано ги зголемува средствата за капитални инвестиции, а оваа година за инфраструктурни зафати се обезбедени околу една милијарда денари што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Зголемување на јавните инвестиции во основното образование се овозможува и со проектот со Светска банка, вреден 21,5 милиони евра, од кои 60 проценти ќе бидат наменети за училиштата, на ниво на грантови за адаптации, промени и за набавка на ИТ уреди и воспоставување дигитални библиотеки. Во тек е и повик за обезбедување на комплетна пристапност на образовни институции, од кои еден дел се основи училишта. Ги повикувам општините да аплицираат и да обезбедат подобри услови за учениците, рече Царовска.

Основното училиште „Христијан Карпош“ е основано во 1959 година со одлука на тогашното Собрание. Ова е едно од најголемите основни училишта во државата, бидејќи според последните податоци настава следат околу 1 200 ученици заедно со подрачните.

Би можело да ве интересира

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов