Царовска: Ја зајакнуваме инспекциската служба во пресрет на социјалната реформа

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска одржа состанок со инспекторите кои работат во областа на социјална заштита. На состанокот се разговараше за моменталната состојба на инспекциската служба и за идните актвивности кои ги преземе министерството со цел да го зајакне капацитетот на оваа служба, непосредно пред почетокот на спроведување на новата социјална реформа.

– Инспекциската служба со години била рушена и уништувана. Нашата цел е оваа служба да ја зајакнеме и унапредиме, бидејќи тому таа ќе биде една од клучните алки во спроведувањето на социјалната реформа и исплатата на гарантираниот минимален приход, изјави Царовска.

Во следниот период ќе се интензивира работата на терен, континуирано ќе се следи работата на социјалните центри секаде низ Македонија. Исто така ќе се организираат активности за доедукација на вработените во инспекциската служба, со цел да се зајакне кадарот, соопшти МТСП.

Би можело да ве интересира

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

А1он

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор