Царовска: Ги приспособуваме профилите од средно стручно образование на потребите на компаниите

Од:

Во рамки на кампањата на Министерството за образование и наука „Учи паметно, работи стручно“, дебата помеѓу компаниите и средните стручни училишта денеска се одржа во Крива Паланка и Кратово. Целта е да се отворат барани профили во стручните училишта во консулатција со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи.

Министерката Мила Царовска истакна дека на овие средби со градоначалниците, средните училишта и претставниците од ралниот сектор во општините разговараат кои профили треба да се отворат во стручните училишта во учебната 2021/2022 година и дека целта на овие активности е да се усогласат профилите потребни на локално ниво и такви и да се отворат за да може понатаму, како што рече, реалниот сектор да се опслужува со кадарот што му е неопходен и за развој, но и за одржување не економијата на локално и на регионално ниво.

– Сметам дека овие средби течат одлично и имаме остварување одлични резултати и по оставрување на средбите помеѓу училиштата и компаниите и се надевам ќе ја оствариме целта наредната учебна година да понудиме соодветни програми кои се потребни за компаниите, но и компаниите да ги отворат своите врати за учениците. Некаде ќе отвориме дуални паралелки, а некаде феријалната пракса ќе се одвива непречено и интензивно, се со цел кадарот којшто ќе заврши средно образование да биде полесно вработлив, изјави Царовска.

На средбата присуствуваа градоначалниците на Крива Паланка и Кратово кои посочија на состојбата со реалните потреби на стручните образовни кадри и компаниите на локално ниво.

-Образованието е една од најзначајните алки во секое општество, а токму ваквите непосредни средби се вистински начин да се даде насока за следните чекори во стручното образование. Дуалното образование е една од можностите, а денес и ќе се дискутира каква е реалната состојба на пазарот на труд на локално ниво и што е она што го очекува стопанството да се генерира како кадар, изјави Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка.

Градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев, го поздрави овој нов концепт на консултации и соработка на МОН со локалните самоуправи и бизнис-секторот за еден нов концепт на средно образование, коешто ќе даде нов квалитет во живеењето и кое ќе продуцира компатибилни кадри со новиот тренд во стопанството.

Во анализата што МОН ја има направено преку анкета, опфатени биле 450 компании од цела држава, од кои 85 отсто се изјасниле дека се подготвени да примат ученици на пракса.

Компаниите од општините Крива Паланка и Ранковце имале побарувања за кадар од машинската струка и угостителската, кои ги има како насоки во стручните училишта од двете општини, додека има побарување, а се дефицитарни струките: електромеханичар, здравствена и сообраќајна струка.

Овој процес Министерството за образование и наука го реализира во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија. На настанот присуствуваше и претставник од Стопанската комора на Македонија.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите