А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Царовска: И државата, но и работодавачите и работниците да придонесат за здрава работна средина

by А1он27/04/2018 - 15:24123
Share0

Заштита на младата работна сила е овогодинешното мото на одбележувањето на Светскиот ден за заштита и безбедност при работа, со цел да се обезбеди здрава и продуктивна работна сила.

Добивај вести на вибер

– Интензивно работиме на спроведување на законите и правилниците поврзани со ова прашање, но ги повикувам и работниците и работодавачите да се придржуваат кон нив затоа што ако младата генерација не биде здрава, тогаш ние нема да имаме здрава работна сила кој би била во интерес и на работодавачите, но и на државата, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на настанот „Безбедна и здрава генерација“ по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Сите ние, додаде Царовска, заеднички ја создаваме таа безбедна и здрава работна средина за да имаме попродуктивни работници, бидејќи без нив не може да имаме раст и развој на оваа држава.

Информира дека за спречување на повреди и смрт на работни места се направени повеќе од 7.400 редовни инспекциски надзори и 3.500 вонредни.

Одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа го организира Националниот совет за безбедност и здравје при работа, како советодавно тело.

Претседателката на Советот Јованка Караџинска Бислимовска истакна дека претставници на различни сектори, организации и институти во чии домен е грижата за здравјето и безбедност на работниците денеска ќе разговараат за безбедноста на младите работници од 15 до 24 години.

– Ќе разговараме како да ја подобриме и унапредиме безбедноста и здравјето на младите работници со цел и во иднина да имаме здрава и продуктивна работна сила, но и на искоренување на детскиот труд, рече Караџинска Бислимовска.

Додаде дека активностите за реализирање на целите за заштита на младите работници се дел од лани донесената Национална стратегија во која, посочи, младите работници имаат посебно место.

Според официјалните податоци лани имало 14 смртни случаи, во 2016 -15, и во 2015 – 24 смртни случаи на работни места.

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен