Царовска: Доневи мора да имаат шанса да се одлепат од дното, да добијат поддршка која ќе им го врати достоинството

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на својот фејсбук профил го изрази својот став во врска со тешката социјална приказна на семејството Доневи, која што вчера беше објавена на А1он.

„Екипа на Центарот за социјални работи од Струмица ги посети Доневи, семејство со трогателна приказна, каква што, за жал, не е реткост во нашата земја. Тие се корисници на социјална парична помош, а деновиве ќе им биде доделен и дополнителен еднократен износ. Црвен крст ќе обезбеди хигиенски пакети и храна, a веќе контактиравме и со општина Струмица кои ќе помогнат со свои ресурси.

За жал, поради неефикасноста на постоечкиот систем, тука се исцрпуваат законските можности на институциите за постапување. Токму затоа работиме на коренити промени на системот кои ќе овозможат ваквите случаи да се извлечат од длабока сиромаштија. Реформата на социјалната заштита е врвен приоритет за министерството. Веќе започнавме со работа на целосно нов закон, а во наредните месеци ќе дефинираме конкретни предлози кои ќе бидат претставени пред јавноста.

Целта е да изградиме похуман систем и да ја зголемиме финансиската поддршка за ранливите за излез од сиромаштија. Ќе воведеме услуги на локално ниво наменети за лица со посебни потреби, стари и изнемоштени, жртви на насилство… На многу семејства им е потребна, лична, човечка поддршка во секојдневниот живот, многу повеќе од финансиската. Новиот систем тоа ќе го овозможи.

Многу брзо, овие луѓе мора да имаат шанса да се одлепат од дното, да добијат поддршка која ќе ги охрабри и зајакне, која ќе им го врати достоинството“, напиша министерката Мила Царовска, на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска