Царовска: Детскиот развој ни е приоритет, за две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари во градинки

Од:

Повеќе од 180 милиони денари вложило Министерството за труд и социјална политика во реконструкција, доградба и изградба на детски градинки изминатите две години. За наредната година во Буџетот на Министерството се планирани нови 105 милиони денари за истата намена.

– Ние како Министерство се грижиме да ги поттикнеме локалните самоуправи да инвестираат во детската заштита, но и ние како Владата инвестираме во нејзин развој, а особено во инфраструктурата во градинките. Вложивме повеќе од 180 милиони денари само за доградба, реконструкција, проширување и изградба на градинки. Дополнително за наредната година се планирани 105 милиони денари за инвестиција во инфраструктура во детска заштита, рече Царовска при посетата на градинката „11 Октомври“ во општина Бутел.

Заедно со градоначалникот на Општината, Велимир Смилевски, додаде министерката, имавме можност да го посетиме делот кој е реновиран и со проширен капацитет и зголемен опфат за дваесеттина дечиња.

– Паралелно не само што работиме на инфраструктурата, работиме на јакнење на капацитетите на вработените градинките и на нивна мотивација затоа што платите во градинките беа на лошо ниво, рече министерката и потенцира со последното зголемување платите во просек во оваа дејност се зголемени за 5.700 денари само за две и пол години.

Градоначалникот Смилевски истакна дека Општина Бутел во изминатите две години, со поддршка и на МТСП, сериозно работело на решавање на сите проблеми во градинките.

– Како Општина во изминатите две години потрошивме повеќе од 19 милиони денари за реновирање и потребна опрема за детските градинки и децата, рече градоначалникот и најави дека во наредните две години ќе се изгради нова градинка, а сите останати објекти ќе бидат средени.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска