Царовска и Богдановиќ во посета на семејство кое добива помош од проектот „Нега и грижа за стари лица“

Од:

Денеска градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика и претставници од граѓанската организација Хуманост посетија семејство кое добива помош и услуги преку проектот Нега и грижа за стари лица во домашни услови на општината.

„Ова е проект на општина Центар, во соработка со граѓанската организација Хуманост. Сакавме да ја запознаеме министерката со успешниот проект, кој што општина Центар го спроведува веќе втора година. Со проектот се опфатени лица на кој им е потреба нега од трети лица. Со реализација на овој проект сакаме да покажеме дека општина Центар заедно со министерството за труд и социјална политика и Владата на РМ водиме грижа за овие лица кои се во поодминати години. Тоа се нашите родители и баби и дедовци кои се грижеле за нас и не направиле ова што сме денес. Овие проекти ќе ги прошируваме секоја година за да опфатиме што е можно поголем број на корисници и овој проект да стане препознатлив не само за општина Центар, туку и во другите општини. Со проширувањето и збогатувањето на овој проект ќе стигнеме до стандардите на поразвиените земји на европската унија кон која се движиме и стремиме“, рече Богдановиќ.

Министерката Царовска го изрази задоволството од одличната соработка меѓу општина и граѓанска организација со цел да се понуди квалитетна и соодветна услуга за граѓаните во одредена општина.

„Министерството за труд и социјална политика и Владата на РМ се во подготовка на нова програма за социјална заштита. Без соодветни услуги на локално ниво ние не можеме да постигнеме социјална заштита бидејќи на граѓаните им е потреба различнанега. Општина Центар има возрасно население и многу е важно дека општината го препозна овој проблем и нашле модел со кој на оние граѓани, кои не можат да добијат помош на друг начин во домашни услови, да ја добиваат оваа помош од општината и од граѓанската организација Хуманост. Со проектот се опфатени 89 семејства кои добиваат ваква помош, ние се сретнавме со едно од нив, тие се задоволни од ова и дадоа препорака овој проект да продолжи. Таа помош доколку не ја добиваат од општината нема од кој друг да ја добијат. Тоа ми дава надеж дека и другите општини ќе го видат овој модел како позитивен и потребен и ќе го имплементираат во своите општини. Овие проекти не чинат многу, но ефектот кај граѓаните е навистина голем“, рече Царовска.

Емилија Робановска од Хуманост рече дека се работи со сертифицирани негуватели кои се обучени да даваат помош и поддршка на корисниците.

Моделот на функционирање се заснова на континуирана нега со посети три пати во неделата и обезбедување помош по два часа за корисниците. Социјален работник прави анамнеза на приоритетните потреби на корисниците според кои се водат работните активности на негувателите. Општина Центар треба да биде пример и затоа апелирам и другите општини по примерот на Центар да организират вакви проекти“, посочи Робановска.

Корисниците ги добиваат следните услуги:
– помош во извршување на секојдневните активности (пазарење, подготовка на храна, одржување на просторот, лична хигиена, кај изнемоштените стари лица ќе се врши и утринска и делумна тоалета)
– обезбедување на основна помош во мобилност, лесни масажи, физички вежби, раздвижување
– задачи од медицински аспект (носење на здравствени прегледи, контрола на крвниот притисок, набавка на лекови и водење на грижа за навремно земање на терапијата)
– психо-социјална поддршка (помош во исполнување на социјални, културни, забавни и други потреби, одржување на социјални контакти и соодветни активности во локалната заедница).

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории