Царовска – Бабиќ: Македонија и БИХ може да разменуваат искуства во делот на социјалната заштита

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ.

Од Министерството соопштија дека на средбата станало збор за унапредувањето на соработката меѓу двете земји, но и во целиот регион, на правата од социјалната заштита, како и инклузија на лицата со попреченост и со ретки болести.

– Македонија и Босна и Херцеговина, може да разменуваат искуства за различни сфери од секторот социјална заштита и со тоа меѓусебно да се поддржуваат и да си помагаат. Такви иницијативи веќе постојат за црпење на искуства за центрите за активно стареење кои во БиХ веќе подолго време одлично функционираат, истакнала министерката Царовска на средбата.

Амбасадорката Бабиќ најавила дека ќе иницира потпишување меморандум за соработка во делот на социјалната заштита, што треба да придонесе за олеснување и зајакнување на комуникацијата и соработката меѓу институциите и експертите од двете држави.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска