Царинската управа заплени 113 килограми тутун и 415 кутии цигари

Од:

Во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Царинската управа на Република С. Македонија во текот на денешниот ден спроведоа две акции против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи.

Двете акции паралелно се спроведоа во Скопје и Тетово, при што на територијата на Општина Тетово, службените лица при вршење на претрес се брутално нападнати од страна на поголема толпа луѓе кои и се познати на полицијата и против нив ќе биде покрената соодветна пријава.

Во нивната акција се запленети вкупно 113 килограми режан тутун и 415 кутии цигари.

„Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикуваат, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра“, соопштија за медиумите од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари