А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Царината заплени цигари, свежо овошје, стоматолошки материјали, фалсификати

by А1он03/11/2014 - 13:50132
Share0

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани цигари, овошје, додадоци на исхраната и козметички производи, стоматолошки материјали, текстилни производи и фалсификати.

Добивај вести на вибер

Цигари

– 131 штека цигари, од кои 125 штеки Pall Mall и Monte Carlo со македонски акцизни маркички и 6 штеки Fast и Karelia blue без акцизни маркички, откриени на граничниот премин Дојран, во соработка со полициската служба на преминот, при контрола на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, пријавено за излез од државата. Непријавените цигари биле сокриени во специјално изработен бункер под патосот на возилото.

– 49 штеки цигари MONTE CARLO blue, PALL MALL 100S и LD violet, со македонски акцизни маркички, откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на патничко моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин, пријавено за излез од државата. Непријавените цигари пронајдени се во две црни торби, сместени во багажникот, во просторот за резервна гума и во внатрешноста на вратата од багажниот простор на возилото.

Овошје и додатоци во исхраната

– 1.112 килограми банани, откриени на царинската испостава Гевгелија, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, натоварено со банани со потекло од Мексико, пријавени за увозно царинење. Стоката била наменета за фирма увозник од Струмица.

– 29,5 килограми HERBALIFE-додатоци за исхрана, 990 милилитри HERBALIFE креми 1.230 HERBALIFE таблети и 600 грама чај Herbal Tea Concentrate, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на двајца македонски државјани кои допатувале со лет од Истанбул.

Стоматолошки материјали

– 17 паковки стоматолошки материјали – пластелин Kuprovent N, глазура AKZ 25 VITA5g и прашок за порцелански заби VITA Enamel 50 g, VITA Opaque Dentine 50 g, VITA Cervical 12 g и VITA Margin 12 g, откриени на граничниот премин Јажинце, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените производи пронајдени се под совозачкото седиште на возилото.

Облека

– 88 готови текстилни производи (машки кошули и женски јакни), откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Блаце, при контрола на две патнички моторни возила, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата.

Во првиот случај, при контрола на патничко возило со косовски таблички, во багажниот простор пронајдени се 73 машки кошули, додека во вториот случај, при контрола на патничко возило со македонски таблички, позади предните седишта и во багажниот простор на возилото, пронајдени се 15 женски јакни.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 33.612 паковки (околу 12.150 литри) шампони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени на царинска испостава Скопје 2, при контрола на козметички производи и средства за лична хигиена, со потекло од Грција, пријавени за увозно царинење за фирма увозник од Скопје.

– 6.040 готови текстилни производи (машки и женски пижами, хеланки и машки кошули), 312 парфеми и 24 чанти со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во три одвоени случаи на граничниот премин Богородица, при контрола на три товарни моторни возила, пријавени за влез во државата.

Во првиот случај при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, натовареносо разна стока со потекло од Кина, пронајдени се 5.640 готови текстилни производи (хеланки и комплети машки и женски пижами), во вториот случај при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, натоварено со разна стока со потекло од Турција, пронајдени се 400 машки кошули, а во третиот случај при контрола на товарно возило со турски регистарски таблички, натовареносо разна стока со потекло од Турција, пронајдени се 312 парфеми и 24 чанти, за кои царинските службеници се посомневаа дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Во првите два случаи стоката била наменета за фирми увозници од Косово, а во третиот случај стоката била наменета за фирма од Албанија.

Царинска управа на Република Македонија

carinamvr

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

Предраг Петровиќ02/08/2025 - 10:38

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Катерина Ѓуровски01/08/2025 - 11:38

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски29/07/2025 - 13:3329/07/2025 - 13:34

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

Горан Наумовски24/07/2025 - 14:08

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

Горан Наумовски23/07/2025 - 11:16

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Горан Наумовски23/07/2025 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен