Царината заплени 15 килограми марихуана

Од:

Петнаесет килограми марихуана заплени Царината вчера на граничниот премин Блаце скриена во автомобил на албански дражавјанин кој требало да ја пренесе во Србија. Ова е петта заплена на дрога од страна на Царината од почетокот на годинава.  Вредноста на марихуаната на западноевропскиот пазар е 45.000 евра.

Како што информираше директорката на Царинската управа на Република Македонија Наташа Радеска Крстевска, албанскиот државјанин Р.Д. се пријавил за влез во Македонија на 2 јуни во 12 и 50 часот на граничниот премин Блаце. При претрес на неговото возило марка „Волво“ со албански регистарски таблички пронајдени се 25 пакетчиња со вкупно 15.248 грама марихуана скриени во празниот фабрички простор на предниот и задниот браник, во фабричките празнини под предните светла и во преправени фабрички празнини во левото и десното поткрило.

Осомничениот нарачката ја добил пред еден месец од лице од српска националност кој подолго време живее и работи на Сицилија. Договорот бил, за паричен надомест да пренесе марихуана во Република Србија, при што Србинот му дал пари за да купи марихуана од Албанија и да ја пренесе во Република Србија каде на граничниот премин од српска страна требало  да го чекаат лица кои ќе го препознаат по неговата регистарска таблица. Осомничениот, од непознато лице во село Лазарет купил марихуана во рефусна состојба, која во неговиот дом во Тирана ја пресувал и ја спакувал во вкупно 25 пакувања кои потоа сам ги скрил во возилото. На 1 јуни 2014 година околу 19 часот тргнал од Тирана и влегол во Косово, се упатил кон граничниот премин на излез од Косово и влез во Србија каде српските царински служби не му дозволиле да влезе во Србија. Потоа се вратил назад и се до 10:00 часот на 2 јуни 2014 година спиел во неговото возило. Некаде околу 13:00 часот се пријавил на влез во Република Македонија на граничен премин Блаце каде бил откриен од царинските службеници.

Директорката Радеска-Крстевска итакна дека вредноста на запленетата марихуана на црниот нарко пазар доколку би се продавала на големо би достигнала вредност од околу 45.000 евра.

Царинската управа поднeсе кривична пријава против осомничениот поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

Ова е петта заплена на дрога од почетокот на годината. Претходно, како што информираше директорката, запленети се 38 килограми марихуана, 96 таблети метанфетамини, потоа 1 килограм амфетамини и 10 килограми хероин.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски