Царината откри и заплени 326 литри шверцуван „Ред Бул“

Од:

Во магацинските простории на две правни лица од Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги открија шверцувани 326 литри енергетски пијалак „Ред Бул“.

И во двата случаја, сопствениците на правните лица, во моментот на контрола не приложиле документи како доказ за потеклото на производите и поради основано сомневање дека стоката е шверцувана, привремено е задржана, а против правните и одговорните лица во истите, Царинската управа поднесе соодветна пријава.

Во првиот случај, при контрола на магацинските простории на правно лице од Скопје на кванташкиот пазар во Скопје, откриени се 1.140 лименки енергетски пијалак „Ред Бул“ без декларации на македонски јазик, со состав на производот напишан на бугарски и романски јазик. На најлонските обвивки на пакетите, соопшти денеска Царинската управа, имало залепени етикети со ознаки BG и RO, што било причина за сомневање дека производите се наменети за тамошните пазари и се шверцувани.

Во вториот случај, се појаснува во соопштението, при контрола на стока која се продава во простории на правно лице од Скопје на ул. Џон Кенеди, во магацинскиот дел и на рафтовите за продажба, откриени се 164 лименки од 250 милилитри енергетски напиток „Ред Бул“ без декларација за составот на производот на македонски јазик. Декларацијата за составот на производот бил на бугарски јазик. На најлонската обвивка на пакетите со енергетски напиток имало залепени етикети со ознака BG.

Би можело да ве интересира

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови

Царина: Oткриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

А1он

Цариници запленија 94 пара патики и 620 електронски цигари во товар со пченка

А1он

На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари