Царина: Компанијата „Блацион“ не увезувала опасен отпад, се подига степенот на проверка

Од:

Царинската управа дополнително го подигна степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните, информираат од Царинската управа.

Соопштението следува откако во јавноста беше обелоденето дека во Бугарија е отворена истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери отпад од компанијата „Блацион“ ООД во сопственост на Блаже Игнатов и Горан Ангелов, кој е директор на депонијата „Дрисла“.

Од Царинската управа велат дека согласно податоците со кои располагаат, компанијата „Блацион ДОО “ не се појавува како испраќач во увозна царинска постапка.

„Согласно евиденцијата со која располага ЦУ, во текот на изминатата година само една компанија користела гориво од отпад. Вкупната количина на увезен отпад за изминатата година е 2.215 тони, за кои што секој увозник уредно доставил дозвола издадена од соодветното министерство и при тоа не станува збор за увоз на опасен отпад“, велат од Царинската управа.

Оттаму додаваат дека со цел утврдување на евентуални неправилности Царинската управа, во соработка со МВР презема одредени активности во насока на истражување на увозот на отпад, а за исходот јавноста ќе биде дополнително информирана.

„Согласно стратешките определби на Царинска управа во насока на безбедноста и здравјето на граѓаните, увозот и контролата на опасен отпад, како стока со ризик, секогаш е предмет на царинска контрола и во рамките на надлежностите на ЦУ истата се спроведува согласно законот. Тоа подразбира задолжително поседување на соодветна дозвола за увоз од надлежното министерство, во случајов тоа е Министерство за животна средина и просторно планирање“, велат од Царина.

Би можело да ве интересира

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Опрема за рударење криптовалти, стоматолошки столици, канаринци – што се заплениле царинците во една седмица

Катерина Ѓуровски

Се криумчарат и импланти за гради

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

Катерина Ѓуровски