„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

Од:

После бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола, Централниот регистар го избриша и културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид.

Централен го избриша „Цар Борис Трети“ утрово откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.

Одлуката на новиот министер доаѓа откако Комисијата за употреба на имиња на историски личности даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии кај македонскиот народ.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации според кои во називот не можат да користат имиња на историски личности кои ги навредуваат чувствата на македонскиот народ.

Културниот центра „Ванчо Михајлов“ од Битола одби да се пререгистира, а центарот „Цар Борис Трети“, од Охрид затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација.

Би можело да ве интересира

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски