(ВИДЕО) Цаноски: Се сомневам дека поротничката самоволно дала оставка, они се надеваат дека ќе се врати ‘сваровски судството’

Од:

Оштетениот бизнисмен Фијат Цаноски во случајот ТНТ, по денешното рочиште на кое судот констатираше дека судењето ќе почне од почеток, вели дека се сомнева дека поротничката Лилјана Ивановска-Кочковска самоволно дала оставка, како што навела во поднесокот до судот.

„Пола час пред почетокот на судењето, поротничката дала оставка. Се сомневам дека самоволно дала оставка, односно дека е поткупена од мафијата која што владее во Македонија или од некои закани. Судењето ќе почне од почеток, но јас верувам во правосудниот систем, а со тоа овој процес ќе се заврши иако почнува од почеток. Кога велам мафијата, мислам на Груевски, Јанакиески, заедно со Тони Трајковски кои го направија целото рушење. Јас сум убеден дека се е под команда на Груевски од Будимпешта“, вели Цаноски.

Бизнисменот Цаноски смета дека мафијата се обидува повторно да завладее, а обвинетите се надеваат ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, па како што рече “сваровски судството” повторно ќе завладее.

„Одбраната настојува да се пролонгира целото судење. Очекуваат дека на наредните избори ќе победат па повторно ќе завладее ‘сваровски судството’, па така ќе се спасат од криминалите кои ги направиле. Јас верувам дека судот ќе ја сработи работата со почтокот на судењето и побрзо ќе заврши целата постапка“, додава бизнисменот Цаноски.

Во предметот ТНТ обвинети се поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Сериозна, но минлива е здравствената состојба на Трајковски – „ТНТ“ продолжува за 15 дена

Ана Ололовска

Трајковски не дојде на ТНТ, сведочи неговата докторка зад затворени врати

Кристијан Ландов

Поради ТНТ се одложи рочиштето за „Тендери“ против Елизабета Канческа-Милевска

Кристијан Ландов

Продолжува судењето за уривањето на комплексот „Космос“

Ана Ололовска

Судот ја повика докторката да ја образложи здравствената состојба на Тони Трајковски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Трајковски по рочиштето за ТНТ не можеше да стои, адвокатот го седна на клупа

Ана Ололовска