Бунар со топла вода во Куманово

Од:

Невообичаено многу топла вода има во бунарот кај семејството Давиткови од кумановското село Черкезе.

Двајцата сопружници Стојан и Драгица забележале дека од бунарот почнала да излегува пареа. Потоа увиделе дека водата е многу топла и веднаш ги информирале надлежните од Центарот за јавно здравје. Оттаму, наведуваат дека земени се мостри и добиените резултати укажуваат дека бактериолошки водата е исправна.

– Хемиската анализа покажува зголемено присуство на нитрати и ќе ги почекаме анализите за присуство на тешки метали. Топлата вода најверојатно е од земјиштето, од некоја пукнатина и тоа само хидрогеолозите можат да го кажат. Мора да се направат темелни анализи, истакна доктор Мимоза Величковски од Центарот за јавно здравје Куманово.

Последните испитувања покажале дека водата од бунарот е 86 степени. Инаку, претходно, посочија сопружниците водата била студена и семејството и соседите со децении ја користеле за пиење и за други потреби.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе