Бухова: Во тек се неколку инспекциски надзори за да се утврди дали постои докторски пропуст во детекцијата на Ковид-19

Од:

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, за „А1он“ вели дека е рано да се констатира дали има докторска грешка при третманот, односно лекувањето на велешанецот на кого посмртно му е дијагностициран коронавирусот, а претходно не бил хоспитализиран на Инфективното одделение во Велес, иако бил однесен со Брза помош.

Бухова додава дека во моментов се вршат и уште неколку вонредни инспекциски надзори во други болници, каде се бара евентуален пропуст или несоодветен докторски пристап во детекцијата на заболени од Ковид-19.

„Во тек е инспекциски надзор. Меѓутоа многу е рано да дадеме краен исход. Се следи целиот протокол, сите места каде што пациентот се лекувал. Тоа значи, проверуваме дали се јавил на матичен лекар, што кажал, направена ли е епидемиолошка анкета, дали според симптомите бил со низок, среден или висок ризик, постапувањето на Центарот за јавно здравје, како дошла Брзата помош, односно, целиот протокол на лекување“, посочи Бухова за „А1он“.

Таа вели дека случајот е отворен по информациите кои инспекторатот ги добил по допрен глас од медиумите. Во моментов се вршат и уште неколку инспекциски надзори од страна на ДСЗИ за утврдување на евентуални пропусти или несоодветен пристап од страна на докторите, посочува Бухова.

„Во тек се неколку вонредни инспекциски надзори каде се бара дали постои или не постои докторски пропуст. Не сите дојави, завршуваат со пропусти, бидејќи, на пример, имаме случаи каде пациент одбива хоспитализација и потпишува документ со кој го потврдува тоа. Штом завршат надзорите, ќе донесеме одлука за натамошно постапување. Транспарентни сме и ќе известиме за тоа“, додава Бухова.

Санитарниот и здравствен инспекторат не ги запоставува ниту случаите кои ги води за евентуални пропуст и за други патологии, вели директорката, но, прво се елиминира дали пациентот има или нема коронавирус.

„Во моментов се работат сите случаи поврзани со коронавирус, меѓутоа, не се запоставува ништо друго. Без разлика дали пациентите се или биле позитивни на коронавирусот, ние постапуваме. Но, прво се елиминира присуството на вирусот“, објаснува Бухова.

Досега, ДСЗИ не утврдил пропусти поврзан со употребата на заштитна опрема како кај докторите, ниту во јавното здравство, а ниту кај приватните здравствени ординации. Бухова вели дека се почитуваат протоколите, а досега инспекторатот извршил над 60 контроли.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кафеаните ги отворија вратите за гостите: келнерите со маски, редари се грижат за протоколите

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со бројките за смртност од коронавирусот

А1он

Над 130 лица во Штип ставени во изолација по контактите со заразените текстилни работнички

А1он

Во локалите во Делчево угостителите ги почитуваат мерките на Министерството за здравство

А1он

Откако почна корона кризата, вкупно 723 лица го прекршиле полицискиот час во Скопје

А1он

Шекеринска им се заблагодари на војниците за придонесот во борбата со Ковид-19

А1он