Пациент починал неколку часа откако не бил примен на Инфективното одделение во Велес, се чекаат резултати за коронавирус

Од:

Велешанец кој бил однесен со Брза помош на Клиниката за инфективни болести-Велес, не бил примен од дежурниот персонал, за по неколку часа состојбата нагло да му се влоши, по што починал, дознава „А1он“. Станува збор за повозрасно лице кое имало над 70 години, чие семејство се сомневало дека можеби е заболен од коронавирус.

На велешанецот му била направена епидемиолошка анкета за коронавирус од страна на Центарот за јавно здравје-Велес вчера во попладните часови, објаснуваат оттаму за „А1он“. Резултатите се уште не се готови.

Вечерта, состојбата на велешанецот нагло се влошила, по што семејството повикало Брза помош и тој бил транспортиран до Инфективното одделение-Велес. Според нашите извори, тој не бил примен од дежурниот персонал, по што бил вратен дома. По неколку часа, починал.

Неговото здравје се влошило откако му бил земен примерокот за испитување за коронавирус од Центарот за јавно здравје-Велес. Тие велат дека во тој момент, велешанецот бил подвижен.

Од велешкиот Центар за јавно здравје за „А1он“ додаваат и дека во епидемиолошката анкета која му била направена од нив, сега починатиот кажал дека немал контакт со лице заболено со коронавирус, а пак, во семејството немало лице кое патувало надвор од државата. Иако според анкетата немало сомневања дека е заболен со коронавирус, по инсистирање на семејството му бил земен брис.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска