Бухова: Градоначалникот морал да се изолира, без или со симптоми-позитивен значи дека инфицира

Од:

За охридскиот градоначалник требало да важат истите правила како и за сите граѓани кога се тестираат, без произволни толкувања и претпоставки. Тој морал да се изолира додека го чекал тестот, наместо да се шета и да прави контакти со луѓе. Вака реагираат надлежните од ДСЗИ кои додаваат дека позитивен тест значи дека лицето кое го има вирусот во себе, без разлика дали има или нема симптоми, и до двата случаи е инфективен. Изолацијата служи да се спречи ширењето на инфекцијата во период кога лицето е со позитивен резултат.

-Се уште е во сила уредбата на Владата донесена на 22 април, 2020 година, со законска сила за задолжителна самоизолација при тестирање за присуство на коронавирус. Според оваа уредба сите домашни и странски лица симптоматски и асимптоматски на кои им е извршено тестирање за присуство на коронавирус се ставаат во задолжителна самоизолација и тоа од моментот на земање на материјалот за тестирање се до добивање на негативен резултат. Лицето додека е во самоизолација не смее да излегува во тоа време. Самоизолацијата преминува до домашна изолација врз основа на решение за здравствен надзор од ДСЗИ оној момент кога лицето ќе добие позитивен резултат од тестот. Позитивен тест значи дека лицето го има во себе вирусот без разлика дали има или нема симптоми. И во двата случаи е инфективен за околината. Изолацијата служи токму да се спречи ширењето на зарзата во период кога лицето е инфективно, изјави за А1он, Ирина Бухова, директор на ДСЗИ.

Градоначалникот Кирил Пецаков за А1он изјави дека не се изолирал зошто немал симптоми, а тестот го правел за зимување во Бугарија.

„Немав и се уште немам никаков симптом на коронавирус. Ме прашувате зошто не сум се изолирал по тестирањето, тоа е едноставно, јас отидов да се тестирам оти имавме уплатено зимување Банско од 20 до 23 јануари. Бугарија ги смени правилата за влез и покрај вакцините бараа и ПЦР тест, па затоа го направив тестот. Излезе позитивен и многу ме зачуди, не очекував затоа што немам симптоми, никој дома не е позитивен, па затоа следниот ден направ уште еден тест. Вториот тест излезе негативен, но без разлика на тоа откако го добив решението останав дома, не заминав во Банско“, објасни градоначалникот Пецаков и до „А1он“ го испрати негативниот тест.

Во сертификатот кој го објави градоначалнико видливо е дека е дека се тестирал повторно по два дена од првото тестирање, односно на 21 јануари.

Здравствените власти велат дека лажно негативен тест е можен, но нема случаи на лажно позитивен тест. Пациентот може да направи колку сака тестови, но за лекарите велат дека е битен позитивниот. Доколку градоначалникот се обрати во лабораторијата каде што ги правел тестот, тврдат дека ќе добие одговор дека неточен е негативниот, а не е исклучено дека подолго време бил позитивен, па станал негативен.

Заедно со градоначалникот двапати се тестирал и секретарот на Општината, Александар Китески. И тој добил позитивен резултат, а вчера повторно се тестирал и резултатот бил негативен. Тој смета дека некој им ги наместил негативните тестови.

Би можело да ве интересира

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски