Бугарското МНР му врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата во Софија поради отстранување на бугарското знаме во Битола

Од:

Привремениот шеф на Амбасадата на Северна Македонија во Софија, Владимир Крстевски денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија, каде му беше врачена протестна нота поради отстранување на бугарското знаме во Битола.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на состанокот помеѓу директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа во бугарското Министерство за надворешни работи, Вања Андреева-Малакова и в.д. шефот на Амбасадата на Република Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, беше кажано дека на 28 август 2021 година бугарската страна контатирала отстранување на знамето на Бугарија, сместено до канцеларијата на Службата за трговија и економски прашања при Генералниот конзулат на земјата во Битола.

Бугарија изрази длабока огорченост поради инцидентот. Исто така беше нагласено дека секоја акција, изразување омраза против друга земја или нејзините граѓани, е во спротивност со основните вредности на модерните демократски општества и го попречува воспоставувањето на добрососедски односи.

Во официјалното соопштение по состанокот, бугарското Министерство за надворешни работи ја прифати јавната реакција на Министерство за надворешни работи на Северна Македонија, во која остро беше осуден вандалскиот чин и беше ветена истрага и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

За време на состанокот, бугарските власти ја изразија својата загриженост за честите случаи на напади и агресија предизвикани од омраза кон Бугарија, вклучително и против државјани на Република Северна Македонија со бугарско потекло или оние кои се симпатизери на Бугарија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

(ВИДЕО) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

(ВИДЕО) Мицкоски: Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век

Македонец загина во Бугарија откако 19-годишник со кола се заби во кафе бар

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ќе ги тргне „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за Македонија, објави БГНЕС

Катерина Ѓуровски

Екс премиерот на Бугарија – Кирил Петков не е веќе пратеник, си поднесе оставка

А1он