Бугарските медиуми имаат грешка во бројот, личната карта на име Даниела Арсовска постои

Од:

Софискиот портал „24 часа“ објави дека Даниела Арсовска ја нема во системот на проверка во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, а некои медиуми од Македонија го пренесоа тоа, без да забележат дека бројот на личната карта кој е внесен во системот е погрешен и затоа не дава дека се работи за валиден документ. Некои од медиуми ја сфатија манипулацијата па ги бришеа текстовите, односно увидоа дека „24 часа“ има грешка.

А1он претходно објави видео со проверка на документот во системот на Министерството за внатрешни работи на Бугарија каде се покажува дека документот на име Даниела Арсовска е валиден, односно дека личната карта која ја покажаа во СДСМ постои со тој сериски број и датум на раѓање и издаден е во Петрич.

Она што се пренесуваше од страна на „24 часа“ дека е невалидно и не постои е всушност поради погрешниот внесен број на личната карта за које се бараа податоци. Бројот на личната карта кој треба да се внесе е 646948927, а ако се забележи добро при проверката на „24 часа“ е додаден на крајот и бројот 9 со што системот за бараниот документ е логично да покаже дека не постои.

Данела Арсовска денеска негираше дека има бугарско државјанство, а кажа и дека никогаш не се викала Даниела. Како се нашла нејзината фотографија на личната карта која ја покажуваше СДСМ на име Даниела Арсовска не е јасно.

Би можело да ве интересира

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Нова Алтернатива: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Џафери направија човек за секоја функција во државата

А1он

Станковиќ: За да се реши проблемот со ЈСП, Арсовска и нејзините пајташи веднаш да си дадат оставка

Петровска: Присуство на наш претставник на конвенцијата на Нова Алтернатива е политичка култура, тоа не значи коалицирање или соработка