А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бугарскиот претседател Плевнелиев ја отфрли изјавата на амбасадорот во Брисел

by А1он01/05/2013 - 17:58126
Share0

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев експресно ја отфрли изјавата на бугарскиот амбасадор во Европската Унија Димитар Цанчев, за карактерот на македонската нација.

Добивај вести на вибер

– Не сте слушнале такво нешто од мене, неколку пати повтори претседателот Плевнелиев за МИА, на прашањето за интервјуто во кое амбасадорот Цанчев вели дека Македонците се нова нација создадена по 1941 година, и ја обвинува Македонија за провокации кон Бугарија.

Плевнелиев, кој е во посета на Вашингтон за стогодишнината на организацијата за борба против антисемитизмот, Американската лига против дефамацијата, одржа предавање за неговите погледи кон Европската Унија. Бугарскиот претседател сепак упати низа критики кон Република Мкедонија, притоа оградувајќи се од бугарското влијание врз одлуката на Европскиот Совет од минатиот декември да не се отворат преговорите за членство на Македонија.

Плевнелиев бугарската поддршка за Македонија ја поврзува со потпишување на договор за пријателство меѓу двете земји, и со заедничко одбележување на настани од историјата.

– Тоа беше заeдничка одлука на Советот на министри на ЕУ дека Македонија се уште не е подготвена за отворање на преговорите. Немаше вето од Бугарија или од Грција, многу држави изразија загриженост. Ние секогаш сме стоеле покрај Македонија во тешките мигови. Но, ако некој сака да му се помогне, тој мора и да работи. Има две големи прашања, едното е спроведувањето на договорот од 1999 година, особено во изминатите четири, пет години.

– Ние не треба да ги интегрираме нашите проблеми во Европската Унија, туку треба да ги оставиме пред вратата. Тоа не е голем проблем, може да се реши за секунда. Второто големо прашање е прашањето на заедничката историја. Ако некој одлучи дека Гоце Делчев е само нивен херој, а не и наш херој, наспроти сите одлуки на Европскиот Парламент да ја делиме нашата историја, како што Германија и Франција денес ја споделуваат нивната историја, рече Плевнелиев.

Бугарскиот претседател упати критики и за изградбата на, како што рече, споменици на бугарски херои во Скопје, со што Македонија сакала да не ги споделува со соседните држави.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен