Бугарски сеизмолог: Во Скопје не очекувам посилен земјотрес, можни се само послаби

Од:

Еден од најискусните бугарски сеизмолози и признат научник, професорот Емил Ботев, во интервју уверува дека во Скопје нема да има посилни земјотреси, но предупредува дека не може да исклучи силен потрес во Романија.

– Земјотресот во Скопје пред неколку дена беше со интензитет од 5,2. Не треба да се лажеме – ќе има уште последователни потреси и многу веројатно е да ги почувствуваме и во Бугарија. Со оглед дека притисокот на слоевите во овој регион не се ослободил целосно, какви и да се секундарните потреси, тие нема да се посилни од 4 степени по Рихтер. Во Ќустендил, Благоевград и Радомир луѓето можат да бидат целосно спокојни, уверува Ботев.

Иако признава дека сеизмологија не може да предвиди дали ќе има потреси или не и кога точно ќе се случат, тој вели дека сепак има многу современи методи за истражување. Според него, земјотресот во Скопје не може да има силно влијание во Бугарија, и потсетува дека потресот во Италија пред десетина дена бил 30 пати појак од тој во главниот град на Македонија.

– Се обидувам да ги смирам луѓето. Но во интерес на вистината, Романија воопшто не е за потценување. Жариштето во планината Вранчеа во Романија праќа потреси дури и со многу повисока стапка од турските земјотреси и продолжува да биде сеизмички проблем на Балканот. Зборувам за силните потреси со магнитуда над 7. Тие се во просек на 40 години еднаш.

– Вистината е дека треба да сме подготвени за земјотрес од Вранчеа во наредните години, да не правиме илузии дека ништо нема да се случи. Во последните 200 години бевме сведоци на над пет потреси со јачина поголема од 7. Всушност не треба да заборавиме дека сериозни последици од Вранчеа може да има само при потреси над 7,5, како што беше во март 1977 година, вели бугарскиот сеизмолог.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси во околината на Неапол

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Пет земјотреси за два часа во Србија

Во Калифорнија регистрирана серија од 152 земјотреси

Сеизмолог предупредува: Балканот ќе се тресе со години, следниот голем земјотрес може да удри било каде

Жарко Настоски

Силен земјотрес регистриран во Еквадор