Бугарски културен клуб: Македонија да ги надмине лагите и фалсификатите, со кои за жал пораснале неколку поколенија Македонци

Од:

Бугарски културен клуб испрати писмо до Претседател на Владата на Р. Македонија, Зоран Заев, Министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Никола Димитров и до Претседателот на Собранието на Р. Македонија, Талат Џафери.

Писмото го објавуваме интегрално.

„Денес се решава не само иднината на Македонија, туку и стабилноста и развојот на целиот регион. Ако не постигнеме брза интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ, ризикот од дестабилизација на т.н. Западен Балкан, неговото изолирање од ЕУ и неговото попаѓање во опсегот на руските и турските геополитички интереси и зони на влијание е реален и заплашувачки.

Сите знаеме дека бавната правда е откажување од правдата, а спорот за името бескрајно ја забави Македонија на нејзиниот пат кон Европското семејство. Затоа ние од БККС инсистираме спорот за името да се реши брзо и справедливо, на начин кој да не породува нови конфликти.

Такво решение може да се постигне, ако не се премолчува историската вистина.

Македонија не бива да чека светот да и покаже што историската наука мисли за неа, а треба сама да најде сили да ги преодолее лагите, измамите и фалсификатите, со кои за жал пораснале неколку поколенија Македонци. Со чест и достоинство, во официјална декларација на Собранието, нашата земја треба да ги преодолее клишеата наследени од времето на Југославија и да го прифати минатото на нашиот народ, такво какво што било.

Разбираме дека таквото дејствие ќе биде болно, но тоа е единствениот достоен исход на создадената ситуацијата.

Треба да ни биде јасно дека спорот не е просто за името. Тоа е само функција на идентитетот и без разјаснувањето на различните идентитети, спорот нема како да биде решен.

Како предуслов за решавање на спорот, од наша страна треба јасно и категорично да дадеме гаранции за немањето на какви и да било територијални претензии кон која и да било држава и повторно да потврдиме дека нашиот идентитет не заплашува никого.
Ние од БККС, предлагаме македонското Собрание да ја усвои следнава декларација:

– Република Македонија јасно и еднозначно декларира пред светот и пред меѓународните организации, дека нема претензии кон грчката култура или територија. Во знак на добрососедство и како гест на добра волја, Република Македонија ги подарува сите скулптури и споменици посветени на антички Македонци на Република Грција и се откажува да крштава со нивни имиња улици, инфраструктурни и други објекти.

– Ги осудува обидите за “антиквизација” на македонскиот идентитет и посегањето против грчката култура и идентитет, кои со исклучок на управувањето на претходната влада никогаш не биле позиција на нашата држава и нашиот народ. Напротив, нашите предци давале решителен отпор на таа туѓа за нас пропаганда.

– Го отфрла тврдењето дека денешна Македонија и тие нејзини граѓани кои се изјаснуваат како Македонци, се во каква и да било форма наследници на античкото македонско царство и неговиот народ.

– Македонската држава се восприема како наследник на борците кои го утврдиле својот духовен идентитет преку борбите за ослободување од духовната власт на Цариградската патријаршија и основање на своја црква и поврзаната со неа културно-просветна автономија. Нашите предци се борат за основањето на Бугарската Егзархија и со огромно мнозинство гласаат за да се присоединат кон неа. Затоа и нашата МПЦ ОА со право се обрати кон Бугарската православна црква – наследникот на Егзархијата, како кон Црква мајка и се надеваме дека во најскоро време МПЦ ОА ќе биде прифатена за рамноправна во семејството на православните цркви.

– Македонската држава се идентификува со борците за слобода и автономија во земјите на Егзархијата, вратени под османска власт на Берлинскиот конгрес – вилаетите Солунски и Битолски, заеднички нарекувани “Македонија” и Одринскиот вилает – нарекуван “Одринско”.

– Република Македонија го смета историското ВМРО – основана како Бугарски Македонско-одрински револуционерни комитети, не како политичка партија, а како национално-ослободително движење, кое се ангажирало да ги гарантира правата не само не еден етнос, но и на “сите незадоволени елементи” во географска Македонија и Одринско.

– Македонија нема претензии за случаите кои двострано и конечно се решени меѓу Грција и Бугарија со Конвенцијата за размена на бегалци склучена меѓу Грција и Бугарија от 1919 година, со договорот Калфов-Политис за заштита на бугарското малцинство во Грција од 1924 година, со финансиска спогодба Молов- Кафандарис од 1927 година, која ја прецизира претходната конвенција, како и со Согласноста постигната меѓу Бугарија и Грција, од 1963 година, според кој спорните прашања за размената на бегалците, поврзани со горенаведените спогодби и претензиите за имоти што произлегуваат од нив се разрешени со еден сеопфатен договор.

Убедени сме дека по официјалното декларирање на немањето на какви и да било претензии кон Грција, спорот може да се реши и без променување на нашето уставно име. Ако сепак грчката страна држи на промена на уставното име на нашата Република, логично е и ние да настојуваме Грција исто така да го промени името на областа и тоа на своето министерство за “Тракија и Македонија”, бидејќи по сопствената нејзината логика тоа би претставувало иридентистичка закана не само за нашата земја туку и за Бугарија и за Турција.

Настојуваме во договорот кој ќе ги регулира односите меѓу нашата земја и Грција да биде запишано дека сите земји, кои вклучуваат во сопствените граници дел од географска Македонија имаат право да го користат името Македонци и македонски во духот на своите историски и етнографски традиции – за песни за етнографски носии , трговски марки, традиционална литература и историски настани и факти кои го вклучуваат името Македонија, придавајќи му смисла која преовладува во соодветната земјата.

Имајќи предвид дека географската област наречена Македонија денес е поделена помеѓу три држави (Република Грција, Република Бугарија и Република Македонија), БККС инсистира да биде создадена историска комисија која да вклучува претставници на нашата земја, на Грција, на Бугарија, како и на непристрасни меѓународни и авторитетни историчари. Целта за создавање на ваква историска комисија е објективното расветлување на историските настани кои ги засегнуваат трите држави, со цел надминување на множеството фалсификати и манипулации.

За да постигнеме мир, стабилност и разбирање во овој дел од светот, треба да обрнеме поголемо внимание на она што н? зближува, а не на тоа што не разделува! Тоа се заедничките човечки вредности и стремежот кон слобода, а слободата е неразделно поврзана со вистината.

Само ако заложиме на историската вистина и на разбирањето и сочувството кон загриженоста на другиот, ќе можеме да ги заштитиме не само сопствената слобода и независност, но и оние на нашите соседи и се надеваме скорешни сојузници во НАТО и партнери во ЕУ.

Само кога ќе ставиме крај на широко распорстранетите заблуди, ќе можеме да ја надминеме вечната закана од војни и крвопролевања на Балканот“, се вели во писмото.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска