Бугарска сателитска ТВ за 35.000 Македонци кои се чувствуваат како Бугари и гратис постери „Ние сме еден народ“

Од:

Бугарската „Фондација Македонија“ ја засили својата активност во Македонија па сега покрај субвенциите за учење на бугарскиот јазик нуди и бесплатно инсталирање на бугарска сателитска телевизија и бесплатни постери на кои пишува „Ние сме еден народ“.

„Пуштивме уште една сателитска бугарска телевизија во Скопје! Куќа по куќа, кварт по кварт, ние напредуваме! Веќе поставивме бугарска телевизија во над 200 домови во Северна Македонија. Порано или подоцна ќе достигнеме 10% од домовите во Македонија во кои живеат Бугари по потекло, а тоа се околу 35.000. Запомнете, порано или подоцна!“, објави претседателот на „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов.

Фондацијата изработила 50.000 постери и ги повика сите оние што сакаат да делат постери низ Скопје и внатрешноста на земјава, да им пишат колку од постерите сакаат да залепат во родниот град или село во Македонија. Оттаму потврдија дека постерите почнале да се лепат во неколку градови.

„Кој живее во Македонија и сака да дели од овие постери, нека пише за да му испратиме количини од нив и да ги подели во родниот град, село или кварт на Македонија. Нашите активисти веќе почнаа да го лепат постерот. Ние сме еден народ и едно општество“, објави Фондацијата.

„А1он“ веќе пишуваше за кампањата во која деца учат бугарски јазик, литература и историјата во бугарското неделно училиште „Здравеи“ во Скопје и за нивниот ангажман децата од Македонија добиваат награда од 30 евра месечно.

Фондацијата формираше училиште на бугарски литературен јазик, „Св. Наум Преславски“ со 95 ученици од Македонија кое држи онлајн курсеви три часа неделно. Регистрирано е во Бугарија и не му треба лиценца бидејќи е бесплатен онлајн курс за обука.

Бугарите имаат засилени активности во областите Голото Брдо, Албанија и во Гора на Косово каде што живеат Македонци. Иницијативата во Голо Брдо се вика „Знај ја Бугарија“ и преку неа на жителите им се подарува бугарска сателитска телевизија и бугарски книги.

„ Таму уште немаме отворено бугарско училиште, планираме да отвориме во рок од 1 година. И во Голо Бардо и во Гора и Пустец. За нас е многу важно бугарските деца во Пустец да учат бугарски во училиштата, како што македонските деца во Пустец учат македонски во училиштата“ објасни Стојанов за „А1он“.

Досега Фондацијата подарила над 40.000 бугарски книги на над 11.000 луѓе во Македонија во повеќе од 10 градови и 20 села, а планот е да се поделат 350.000 книги во 350.000 македонски домови.

Сите овие активности во Македонија, Србија, Косово и Албанија, ја чинат Фондацијата, како што велат, скромни 20.000 евра. Во оваа сума не влегува помошта од 400.000 евра од Комитетот за политики за Бугарите во странство.

Би можело да ве интересира

Македонците од Албанија за пописот: Од кога сме родени знаеме што сме, Бугари ниту имало ниту ќе има

А1он

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

A1on

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

A1on

Илхан Ќучук: Нема да има подобра понуда за Македонија, нема желба во ЕУ да се промени нешто

A1on

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

A1on

Власта се уште нема 80 пратеници: Дискусија, па гласање кога ќе се создадат услови

A1on