Бугаринот со забрана за влез во Македонија најавува панихида за Мара Бунева во Скопје

Од:

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија. Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Пред две години, на панихидата за Мара Бунева во Скопје, зборуваше бугарскиот европатеник Ангел Џамбаски.

Би можело да ве интересира

Костoва: СДСМ ги осудува провокациите и најавите за панихиди за Мара Бунева

Катерина Ѓуровски

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Закана на Стојанов до Македонците од Пустец: Пишете се Бугари или ќе ви ги одземеме бугарските пасоши

Горан Наумовски

Прв бугарски фудбалски тим во Македонија после 80 години: “Купивме клуб, името не го кажуваме да не го избркаат од Трета лига“

A1on

Бугарска фондација отвора пет медиуми: „Македонски новинари ќе пишуваат објективни политички вести“

A1on

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

A1on