Прв бугарски фудбалски тим во Македонија после 80 години: “Купивме клуб, името не го кажуваме да не го избркаат од Трета лига“

Од:

Бугарската „Фондација Македонија“, по неуспешните преговори со најтрофејниот тим Вардар, сепак купи македонски фудбалски тим.

Првиот човек на Фондацијата, Виктор Стојанов за „А1он“ потврди успеале да договорат купување на тим чие име ќе биде соопштено во септември пред стартот, но се работи за тим од третата македонска лига, односно Трета лига Исток, а седиштето на клубот е близу бугарската граница.

– Да, веќе имаме тим! Не го кажувам името на тимот, но тој е од трета лига исток. Причина за ова е лиценцирањето на тимот и правното преземање на клубот. Не сакам да ни смислат нешто и да го избркаат од Трета лига и нашите напори да пропаднат. Не дека и после тоа не можат, но ќе биде многу тешко и скандалозно.

Следната недела во клубот ќе има наш претставник кој ќе биде директор, а досегашниот директор ќе стане заменик директор. Работите и чисто законски доцнат, бидејќи екипата е регистрирана како здружение, а не како компанија, но за Втората лига ќе треба да ја регистрираме како фирма – истакна Виктор Стојанов.

За оваа сезона името ќе му остане исто, но за следната, Фондацијата планира да го преименува клубот во „Јунак“.

Според Стојанов, тимот ќе се финансира со донациите на активистите на фондацијата „Македонија“, а годишниот буџет за плати во Трета лига е предвиден да биде 15.000 евра без котизацијата за учество која чини 1.000 евра.

– Наскоро ќе разговараме со разни спонзори од Бугарија, бидејќи ова е прва бугарска екипа во земјава по 80 години, а ќе бараме спонзори за кои е емотивно важно да има бугарски тим во земјата. Планираме да привлееме и силни фудбалери чие ниво се Втората и Првата лига.

Важно е што стадионот е на тимот, така што нема да има проблеми со него, одговара и на потребите на Втората македонска лига. Има соблекувални, база за обука, се што треба – вели Стојанов и додада дека досегашните навивачи овој процес го сфаќаат позитивно затоа што нивниот тим и понатаму ќе постои, односно одбегна банкрот поради тешката финансиска состојба.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Закана на Стојанов до Македонците од Пустец: Пишете се Бугари или ќе ви ги одземеме бугарските пасоши

Горан Наумовски

Бугарска фондација отвора пет медиуми: „Македонски новинари ќе пишуваат објективни политички вести“

Орце Костов

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

Орце Костов

„Стани Бугарин за само 250 денари“: Во новиот извод ќе може да се впише и етничка припадност

Орце Костов

Стојанов од Фондација „Македонија“: Луѓе блиски до власта добиваат бугарско државјанство во моментов

А1он