Објавен Нон-пејперот од Берлин, се дознаа деталите за договорот меѓу Захариева, Османи и Димитров

Од:

Австрискиот новинар Кристијан Фердинанд Вершуц кој работи во националната ТВ ОРФ, а е задолжен за следење на Балканот и на Украина, на својот профил на Фејсбук објави Нон-пејпер, необврзувачки договор меѓу Бугарија и Македонија, за кој тврди дека бил договорен минатата недела во Берлин.

На овој состанокот претседаваше канцеларката Ангела Меркел, а присуствуваа бугарската министерка Екатерина Захариева, а од македонска страна Никола Димитров и Бујар Османи.

Според објавениот договор од девет точки, главната отстапка за која наводно првично се согласиле двете страни се однесува на македонскиот јазик. На бугарската страна ѝ се понудила можноста, како анекс на Преговарачката рамка, да соопшти дека под „македонски јазик го подразбира јазикот согласно Уставот на Република Северна Македонија“.

Австрискиот новинар тврди дека Бугарија по враќањето од состанокот, се повлекла од договореното.

„Бугарија сега се заканува дека ќе го блокира почетокот на пристапните преговори меѓу ЕУ и С.Македонија, а Софија тоа историски го оправдува; тоа вклучува дека Скопје треба да ги препознае корените на македонскиот јазик како бугарски дијалект. Исто така, С.Македонија треба да признае еден од нејзините херои како бугарски, но и да ги отстрани знаците каде пишува дека Бугарија е окупаторска сила во Втората светска војна. Минатата недела во Берлин беше одржан состанок со кој претседаваше Ангела Меркел на кој присуствуваа бугарскиот министер за надворешни работи и двајца министри од Скопје. Договорен е овој нон-пејпер, текстот кој сега ексклузивно го објавувам. Сепак, Софија се врати назад на својата позиција за блокада. Овој труд може да се цитира и да се пренесува повикувајќи се на мене како извор“, пишува Вершуц.

Во прилог превод од Нон-пејперот објавен од страна на Вершуц:

1. БГР, МКД и ДЕУ ја истакнуваат нивната заедничка посветеност на перспективата на ЕУ од Западен Балкан и на кредибилна политика на проширување на ЕУ, како и за интензивирање на регионалната соработка, клучни за стабилноста на регионот.

2. Во овој дух, БГР ја потврдува својата подготвеност да се согласи на рамката за преговори ЕУ – МКД и да ја одржи првата меѓувладина конференција во декември 2020 година за време на германското претседателство со Советот на Европската унија.

3. По повод првата меѓувладина конференција, МКД ќе објави официјално пред земјите-членки на ЕУ и институциите дека кратката форма на нејзиното државно име – Северна Македонија – се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“.

4. БГР го задржува правото, во еднострана изјава која ќе биде приложена кон рамката за преговори, да изјави дека кога се повикува на македонски јазик, го разбира македонскиот јазик во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Претседателството на ДЕУ ќе побара од Советот официјално да ја забележи позицијата на БГР дека кога се однесува на македонскиот јазик, тоа треба да се разгледа во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. МКД е подготвена официјално да објави дека македонскиот јазик е кодиран во 1945 година.

5. БГР и МКД ја потврдуваат нивната подготвеност да ја интензивираат нивната блиска билатерална соработка врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со посебен фокус на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која треба да биде интензивирана потранспарентна, вклучително и да ги објавува постигнатите резултати. ДЕУ изјавува подготвеност да ја поддржи работата на Комисијата со споделување на најдобрите практики за методите на работа.

6. БГР и МКД официјално ќе го потврдат членот 11 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, вклучително и малцинските прашања и повторно ќе се обврзат да преземат ефикасни мерки за спречување пропаганда од институции и агенции и да ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти насочени кон поттикнување насилство, омраза и други слични активности што можат да бидат штетни во нивните односи.

7. БГР, МКД и ДЕУ ја нагласуваат важноста на поврзаноста и инфраструктурата, особено железничката и патната врска што се одвива од Драч преку Скопје до Софија и Варна. Тие ќе поддржат приоритетирање на Коридорот VIII во рамките на Економскиот и инвестициски план на Комисијата на ЕУ за Западен Балкан.

8. БГР и МКД се согласуваат околу важноста за поттикнување на добрососедските односи на сите нивоа, вклучително и преку размена на млади, и размислуваат да почнат заеднички проект за размена на млади, додека заеднички ќе ги испитаат понатамошните можни области за соработка за поттикнување на меѓусебното разбирање и интензивирање на билатералните контакти, вклучително и проекти за размена на медиуми и збратимување на градови.

9. БГР, МКД и ДЕУ остануваат загрижени за тешката состојба предизвикана од пандемијата, нагласуваат дека тесната соработка меѓу соседите во рамките на ЕУ и ЕУ со земјите од Западен Балкан е клучна за заедничко надминување на кризата, што го доведува во опасност просперитетот, социјалната кохезија и стабилноста.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов