Бугарија го продолжи задолжителниот карантин за македонските државјани

Од:

Македонските граѓани кои сакаат да влезат во Бугарија и во следните две недели ќе мораат да одат во задолжителен карантин од 14 дена по влезот кај источниот сосед, јави бугарското државно радио.

Првиот човек на Државниот здравствен инспекторат, Ангел Кунчев, изјави денес при посета на пограничниот град Ќустендил дека обврската за карантин ќе остане во сила и по 1 јули.

Повеќе од 15.000 луѓе од Северна Македонија кои имаат документи со адреси во Ќустендил и двојни државјанства очекуваа дека мерката ќе биде укината од 1 јули, и дека ќе можат да влезат во земјата за да завршат административни работи или да платат даноци, пишува веб-страницата на бугарското радио.

„Многу се надевавме дека од 1 јули ќе има решение за цела Европа, но за жал, има големи разлики меѓу земјите од ЕУ по ова прашање. Сигурно е само тоа дека државјаните на земјите во кои има најмногу случаи на коронавирус: САД, Русија, Бразил и Индија, нема да бидат примени во ЕУ,“ изјави Канчев.

Брисел денес соопшти дека од 1 јули границите на ЕУ се отвораат за уште 14 држави, меѓу кои ја нема Македонија, но списокот не е задолжителен, туку секоја земја ќе може самостојно да одлучи за кои земји ќе ги отвори своите граници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“

Бугарскиот парламент одобри распоредување на американски авиони во базата Безмер

Радев ја отфрла поканата на Макрон: Бугарија нема да се приклучи на „Коалиција на подготвените“

Србин убиен во Бугарија – неговото тело е пронајдено покрај камион

А1он

Нов бран закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани се судовите и јавните институции