Бугарија го одобри пристапувањето на Македонија во НАТО

Од:

Владата на Бугарија го одобри нацрт-протоколот на Северноатланската спогодба за пристапување на Република Македонија во НАТО, пренесуваат бугарските медиуми.

Со одлуката, Советот на министри го овласти привремениот администратор на Постојаната делегација во НАТО да го потпише протоколот за пристапување, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Кога амбасадорите на сите земји членки на НАТО ќе го потпишат протоколот, ќе следи усвојување на документот во националните парламенти на државите.

Процесот на ратификација на протоколот ќе се води забрзано, а Македонија може да стане членка на Алијансата на Самитот во јули годинава.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт