„Бугарија денес“, објави дека Динко Велев, најпознатиот ловец на мигранти, тргнува во лов на Миленко Неделковски.
Ќе му ја скршам колата со чекан како што тој скрши плочата, се заканува Велев.
„Тргнувам во лов на Миленко! Планирам да го најдам неговиот дом и да му ја скршам колата со чекан. Ќе снимам цело видео со телефон и ќе го добие тоа на интернет. И тогаш ќе го прашам – пријатно ли му е нему!”, вели Велев.
„Поранешниот затвореник, суден и кој лежел за измами, Миленко Неделковски го искрши со чекан споменикот поставен во спомен на загинатите бугарски војници на Кајмакчалан. Миленко Неделковски, кој во моментов се претставува како спортски новинар, сам се пофали, пуштајќи слики на Фејсбук. На нив се гледа како со огромен чекан го уништува споменикот“, пишува „Бугарија денес“.
„Тој прв пролеа крв, посегна по нашата историјата. Нема да има судир, бидејќи овој човек за мене физички не е моја лига. Судир нема да има , бидејќи влегувам во судири само со пристојни луѓе. А овој е глушец плашливец”, вели Велев.
Одлуката на Динко, вели, е мотивирано од „неактивноста на македонските власти“.
„Бугарија денес“ предупредува дека активностите на Неделковски најверојатно скапо ќе ја чинат Македонија и дека поддршката на Бугарија за Македонија во ЕУ виси на конец.