Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од:

Софија реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Акцискиот план за заедниците бил оспорен од Бугарија затоа што бил подготвен на македонски јазик.

Од бугарското Министерство за надворешни работи посочуваат дека изборот на јазик е внатрешно прашање на Македонија и дека документот ќе се спроведува од македонските институции кон сопствените граѓани.

– Изборот на Скопје да го претстави нацртот на планот на англиски јазик е тешко да се објасни, особено ако Планот е планиран да се спроведе всушност, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Бугарија го гледа Планот како чекор кој следи по вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав, што е дел од подготовките за отворање на преговори со ЕУ.

Од Софија ги поздравуваат зборовите на Мицкоски дека ќе ги прифати сите забелешки на бугарската заедница.

Премиерот Мицкоски потврди дека забелешката од Бугарија се однесува на јазикот на документот, а не на суштината на мерките, и оти Акцискиот план останува клучен за евроинтегративниот процес на Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како „бесплатно“

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он