Бугајски: Бугарија го дестабилизира Балканот попречувајќи ја Македонија кон ЕУ

Од:

Одлуката на Бугарија да стави вето за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ е контрапродуктивно не само за Македонија, туку и за целиот регион, оценува американскиот експерт за Балканот Јануш Бугајски коментирајќи ја позицијата на Бугарија.

– Тоа е самоуништувачка политика која може да придонесе за дестабилизација на регионот. Ако Македонија биде блокирана на неопределено време како и со членството во НАТО така и во ЕУ, ќе уследи внатрешна нестабилност во земјата. Особено меѓу албанското малцинство има силно незадоволство поради недостиг од напредок кон евроинтеграциите, изјави Бугајски за Бугарското национално радио.

Според него, „доколку земјите од ЕУ како Бугарија продолжат да ја блокираат Македонија се оцртува многу напредвидлива иднина“.

– Можно е македонската Влада да не заздрави. Можни се протести од албанското население. Ете зошто, според мене, тоа решение е контрапродуктивно не само за самата Македонија, туку и за целиот регион, оценува Бугајски кој е експерт за ЈИЕ во Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања во Вашингтон.

Во однос на мотивите на Софија поврзани со историјата на двете земји и обидите на Македонија, како што се наведува, да ја присвои бугарската историја, Бугајски вели „дека не е многу сигурен што точно бараат Бугарите зашто секогаш ќе постојат националисти во Македонија кои ќе претендираат за делови од бугарската историја“.

– Мислам дека бугарската позиција по тоа прашање само ќе ги распали уште повеќе негативните страсти на националистите кои ќе бидат употребени од македонската Влада, заклучува Јануш Бугајски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он