Бучковски, Зиков и Јорданов ја промовираа „Алијансата за позитивна Македонија“

Од:

Развојот на економијата како предуслов за подобар живот на граѓаните на Македонија ќе биде приоритет на Алијансата за позитивна Македонија, новата политичка партија што денеска беше промовирана во Скопје.

Основачите на партијата, поранешниот премиер Владо Бучковски, бизнисменот Минчо Јорданов и новинарот Љупчо Зиков најавија дека партијата ќе се насочи и кон стратегии за решавање на останатите клучни проблеми во државата.

Бучковски нагласи дека актуелните политички состојби наметнуваат потреба од нови субјекти, кои ќе ја придвижат политичката сцена во Македонија, притоа не претендирајќи дека некој ја има лиценцата за другите да ги лиценцира дали се опозиционери или не.

– Опозицијата треба да биде далеку посилна, а ако биде така, власта ќе биде поодговорна. Убеден сум дека со ова придвижување на политичката сцена, ќе имаме нов квалитет, респектиран, како што пред еден месец тоа го направи ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Исто така, убеден сум дека во центарот има доволно простор кој треба да се искористи – нагласува универзитетскиот професор.

Партијата, која ќе делува како нео-политичка движечка сила во општеството, својот претседател ќе го избира на конгресот што ќе се одржи во септември.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска