(ВИДЕО) Бучковски: Филимена и Михајло наредија политички да ми ја сечат главата и како трофеј да ја стават на „Илинденска“

Од:

Во завршниот збор на експремиерот Владо Бучковски за предметот „Тенковски делови“, рече дека воделе 4:0 и победата била на дофат, но Скопското обвинителство, кое го претставува обвинителот Анел Фидоски, наместо да го повлече обвинението, само го прецизирало обвинителниот акт и не им дозволило да докажат дека не се виновни.

„Ги победивме креаторите. И Михајло и Филимена и судиите и обвинителите, кои решија на наш грб да прават кариера“, рече Бучковски.

Поранешниот премиер Бучковски, како што кажа, во политички монтираниот случај, учествувале уставната судијка Вангелина Маркудова и претседателот на Советот на јавни обвинители, кои биле наградени, а настрадала тогашната апелациска судијка, Виолета Дума, која беше разрешена.

Бучковски во завршниот збор кажа дека се докажало дека нема дело и дека и Апелациониот и Врховниот суд во одлуките ја напишале ослободителната пресуда.

„Сакам јавно да изразам негодување за начинот на кој Обвинителството им се закануваше на останатите четворица обвинети”, рече Бучковски.

„По налог на Михајло и Филимена, некој тргна политички да ја пресече главата на Бучковски, и како трофеј да ја прикаже на Илинденска во 2007 година. Другите четворица се овде зашто не прифатија лажно да сведочат. Бевме тормозени, но не се предадовме”, говореше Бучковски со висок тон пред судот.

Тој кажа дека се докажало оти во 2001 година постапката за набавка на тенковските делови се водела во согласност со процедурите и немало ниту штета, ниту умисла.

Експремиерот Бучковски спомна дека 13 години биле судени врз основа на лажен исказ на генерал-специјалист интендант за ѕиври, паштети и месен нарезок.

„Ова ќе биде одлична алатка на пет судии и јавни обвинители. Ќе ја продолжам битката за правда и ќе ги обелоденам сите имиња кои ја злоупотребија службената положба и овластување”, кажа поранешниот премиер во завршниот збор и наведе дека со судска одлука за порамнување државата и МЗТ уште пред многу години го затвориле случајот.

Завршни зборови дадоа и обвинетите и нивните адвокати и најавија дека ќе бараат трошоци за постапката. Судот донесе одбивателна пресуда за сите обвинети во случајот.

Предметот неколкупати беше враќан на повторно судење. Врховниот суд во 2016 година го прифати барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за случајот „Тенковски делови“ и по извршената ревизија ги укина претходно донесените пресуди и наложи судската постапка да се врати од почеток.

Случајот датира од 2001 година кога Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ како приоритетна набавка од фирмата МЗТ ФОП нарачале резервни делови за тенковите „Т 55“.

Обвинителството во јули 2007 година покрена обвинение со кое се тврдеше дека експремиерот Владо Бучковски, поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, и уште неколкумина вработени во Министерството за одбрана и за директорот на МЗТ ФОП, ги злоупотребиле своите позиции и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од приближно 150 милиони денари или околу 2,5 милиона евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

Орце Костов

Поранешните премиери Бучковски и Георгиевски ќе бидат дел од новиот клуб за македонско-бугарско пријателство

Бучковски разрешен од должност специјален владин претставник за Бугарија

А1он

Продолжен мандатот на Бучковски како специјален претставник во Бугарија

А1он

Бучковски: Изборите во Бугарија се исклучително важни за Македонија и преговорите со ЕУ

А1он

Бучковски: Решението е во Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија