Познатиот Бубо Каров на протестот пред МТВ изрази оптимизам дека допрва доаѓаат убави денови за граѓаните на Македонија.
„Некои почнаа на сред говори неконтролирано да пеат. Треба сите да знаат дека ќе пропеат еден ден таму кај што треба“, и порача Каров на власта.
Ова што ќе го кажам е делумно точно, најмногу најточно, а во голема количина е убитачно најточно. Го слушнав главниот и одговорен уредник на МРТ кога кажа дека не е на граѓаните МРТ туку на државата. Оваа власт направи цел нов град и не убедува дека ни е убаво, а не успеала да ја стабилизира куќава, рече Каров.
Главниот и одговорен уредник се поажали дека не можат да ја соберат таксата. Зошто не можат да ги соберат парите за МРТ? Првата причина е дека луѓето не сакаат да плаќаат за она што го гледаат, а втората причина е зашто не сакаат оваа куќа да има пари заради тоа што ако има пари и ако почне добро да ги плаќа новинарите ќе стане престижна куќа за новинарите и сите ќе сакаат да работат тука. А тоа верувајте не им е целта, рече Каров.
Каров повика на масовност на овие протести, бидејќи рече е најлесно да се протестира во себе.