Бубевски најави кривична пријава за заканата од адвокатот на Ејуп Алими

Од:

Обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО за „Макфакс“ рече дека ќе поднесе кривична пријава за заканите на адвокатот на обвинетиот координатор на ДУИ, Ејуп Алими, за денешното рочиште во предметот „Титаник 3“.

„На судењето реков дека изјавата е дадена од очај, но поради овој начин на комуникација, ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството во текот на утрешниот ден“, рече Бубевски.

Адвокатот Мефаиљ Арслани во реакција до јавноста пиша дека наводите кои беа изнесени во судот на обвинителката Фетаи се невистинити и побара јавно извинување. Демантира дека тој или неговиот клиент му се заканувале на обвинителот Гаврил Бубевски. Во реакцијата пиша и дека ќе ги побара снимките од рочиштето од судот за, како што објасни да ја демантира обвинителката.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални