Бројот на туристи во земјава намален за 71,8 отсто

Од:

Во периодот јануари – јуни 2020 година во однос на истиот период лани бројот на туристите е намален за 71,8 отсто. Кај домашните туристи намалувањето е за 64,8, додека кај странските за 74,8 проценти.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, намален е и бројот на ноќевањата, за 71,3 отсто или за 64,1 процент кај домашните и за 75,3 отсто кај странските туристи.

Бројот на туристите во јуни 2020 година изнесувал 5.210, а бројот на ноќевањата 14.179.

Во однос на јуни 2019 година бројот на туристи бележи пад од 95,6 отсто, а бројот на ноќевањата од 94,6 прценти.

Бројот на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година е намален за 88,9 отсто, а бројот на странските туристи за 97,9 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, на домашните туристи е намален за 90,1, а на странски туристи за 96,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска