Бројките во пораст, за министерот Филипче засега не доаѓа предвид воведување рестриктивни мерки

Од:

Иако трета недела бројките на новозаболени се во пораст, а болниците исполнети како никогаш досега, министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека не размислуваат за повторно воведување рестриктивни мерки. Ваквиот став министерот го правда со тоа што дел од заболените од вториот бран биле заразени за време на строги рестриктивни мерки кои не биле почитувани.

„Ние го дискутиравме ова прашање, дали рестрикција е нешто што може да придонесе за паѓање на бројката за новозаболени, но и овој бран тргна од моментот кога имаше мерки и секое олабавување ќе значи нов бран. Олабавувањето беше со меки мерки, носење маски и одржување дистанца. Засега не доаѓа предвид воведување рестрикции, но не можам да ја исклучам можноста“, рече министерот Филипче.

Тој смета дека со сегашниот пристап кон заболените и изолација на контактите точно се знаат кластерите и контактите со кластерите и најавува дека ќе продолжат со ваков начин на работа.

Министерот Филипче нагласи дека жаришта во моментов се Скопје и Тетово, а состојбата во другите региони е стабилна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он