Брњчаревски: Татко ми без размислување ми го даруваше својот бубрег, за да го спаси мојот живот

Од:

„Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот. По трансплантацијата ми е многу подобро. Повеќе не одам на дијализа, а повеќе време имам за другарите и семејството. Задоволен сум од целиот третман на лекарите кои се грижеа за мене. Пред две години трчав на маратонот во Охрид. Наредната година повторно ќе се пријавам затоа што знам дека можам! Имам повеќе сила и мотивиран сум“, вели деветнаесетгодишниот Христијан Брњарчевски од Скопје со ретката болест Алпорт синдром.

Информацијата за една од успешните трансплантации ја пренесе на неговата „Фејсбук“ страница министерот за здравство Венко Филипче.

„За три години, на Клиниката за нефрологија изведовме 55 трансплантации на бубрези, пациентите имаат нова шанса за квалитетен живот“, пренесува тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни