Британската амбасада донира опрема за Армијата во борбата против коронавирусот

Од:

Британската Амбасада во земјава денеска донираше опрема за Армијата за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот.

Британската Амбасада на својот официјален Твитер профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици.

– Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата се грижи за граѓаните, ние се грижиме за безбедноста и заштитата на нашите војници, објави Министерството за одбрана на Фејсбук.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Речјел Галовеј претходно разговараа преку конференциска врска за најновите информации во врска со коронавирусот во земјава, како и за идната соработка во одбраната.

– Одржавме виртуелен состанок со министерката за одбрана Шекеринска денеска за да разговараме за најновите информации за ситуацијата со коронавирусот во Северна Македонија и за идната соработка во одбраната. Задоволство ми беше да слушнам за напорите на Армијата кои работат со клучните институции во борбата против Ковид 19, напиша на Твитер британската амбасадорка.

Би можело да ве интересира

Шекеринска: Реакциите за средбата со Дехари доаѓаат од тие кои беа дури 9 години во коалиција со него

Ана Ололовска

Шекеринска: Ние сме НАТО реалност што ја унапреди стабилноста и шансите за економски раст

Ана Ололовска

Пред Пандаровски презентирана родовата перспектива во одбраната

Ана Ололовска

Синдикатот на одбраната и безбедноста бара награда за припадниците на МО и АРМ

А1он

Припадници на Армијата даруваа крв

А1он

Потпишан протоколот за нова норвешка донација за Северна Македонија

Ана Ололовска