Братот на Сашо Орданоски за украдена иновација зел 350.000 евра?

Од:

На „Твитер“ се водат жестоки дебати, откако познатиот скопски адвокат Александар Тортевски објави дека братот на новинарот Сашо Орданоски, Ванчо Орданоски, од Фондот за иновации и технолошки развој добил 350.000 евра за уреди што ќе го мерат загадувањето на воздухот.

Тортевски тврдеше дека со месеци трпел навреди од Орданоски, па така решил и да ја објави информацијата.

„Оној што лапна 350.000 евра за измислен проект за мерни станици што ќе мерат загаденост. Заради некои свои глупи принципи му преќутувам неколку месеци“, напиша Тортевски.

На ова, се приклучи и новинарот Цветин Чилиманов, кој напиша дека уредот за кој братот на Орданоски добил 350.000 наречен „Екомонитор“, веќе го произведува индиска фирма. Тој вели дека уредите имаат идентичен изглед, преземена е дури и фотографијата од индиската веб-страна, а  избришано е само логото.

Откако се отворија дебатите на Твитер, Ванчо Орданоски првично се спротивставуваше на нападите, а потоа го избриша својот профил.

Индиската иновација и иновацијата на Орданоски

Според податоците од Фондот за иновации, Орданоски конкурирал преку својата компанија „Инфопројект“ ДОО Скопје, со име на проект – Екомонитор.

Според описот што го доставил, проектот ќе овозможи собирање (аквизација) на податоци за квалитетот на воздухот, температурата, ветерот и други метеоролошки податоци во урбаните средини.

„Целта на овој проект е сеопфатен мониторинг на воздухот особено во региони од Македонија каде што воопшто нема мерни станици. Целиот концепт се базира на „open source“ уредите, софтверот и податоците ќе бидат јавно достапни и секој ќе може да ги реплицира“, се вели во описот.

За ова, компанијата учествува со ко-финансирање од 104 илјади евра, а Фондот ги дава останатите 243 илјади евра.

Фондот за иновации долго време беше на удар на јавноста поради спорните доделување на средства за иновации, од кои голем дел ги добија луѓе блиски до владејачките структури.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Најзагадени градови се Струмица и Тетово

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Снимки од дрон: Над Скопје облаци од чад, скопјани го дишат најотровниот воздух во светот

Кристијан Ландов

WIPO – Пандемијата поттикна приватни и јавни инвестиции во иновации

А1он

(ИНТЕРВЈУ) Коста Петров: Само на последниот повик „Стартапувај“ ангажирани се над 250 луѓе со просечна плата од 36.000 денари

Маја Илиевска-Пачемска

Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

Ана Ололовска