Братот на Мартин се вклучи во потрагата, седум дена се трага по Јовановски

Од:

Седми ден трае потрагата во Егејското Море по младиот Мартин Јовановски. Како што објави невладината организација ОФКАТХ ова е 7-ми ден како продолжува потрагата со пловечки и воздушни средства за лоцирање на исчезнатиот Мартин, а во потрагата се вклучи и неговиот брат кој допатувал од САД.

– Авион втор ден полета од Солунскиот аероклуб со пункт за пребарување на плажите Катерини и Лариса. Од денеска во истрагите учествува и неговиот брат кој претпладнето дошол од Америка, а попладне очекуваме волонтери од Скопје кои ќе помагаат во истрагите. Напорите продолжуваат – стои во објавата од ОФКАТХ.

Скопјанецот Јовановски (31) исчезна пред седум дена кога заедно со двајца негови пријатели беа однесени од морските струи на плажата во Посеиди, на Халкидики.

Мартин го нема веќе седум дена, а иако е долг период, се уште постои надеж дека ќе биде пронајден жив и здрав.

Би можело да ве интересира

Грција бара екстрадиција на македонскиот државјанин осомничен за убиството на Халкидики

А1он

Мечка предизвика паника на Халкидики: Ѕверот е виден на чекор од куќите и игралиштата

ВИДЕО: Двете жени очевидци на убиството на Оки во Грција, камерите ги снимиле убијците – нови детали од истрагата

МНР: Ранетиот Слезовиќ е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност

Горан Наумовски

Грчката полиција трага по двајцата убијци од Халкидики: Во изнајмениот апартман се наоѓале пет лица сите од Македонија

Горан Наумовски

Орхан Бајрами алијас „Оки“ од бандата „Дуќанџик“ е убиен во Грција