Седми ден трае потрагата во Егејското Море по младиот Мартин Јовановски. Како што објави невладината организација ОФКАТХ ова е 7-ми ден како продолжува потрагата со пловечки и воздушни средства за лоцирање на исчезнатиот Мартин, а во потрагата се вклучи и неговиот брат кој допатувал од САД.
– Авион втор ден полета од Солунскиот аероклуб со пункт за пребарување на плажите Катерини и Лариса. Од денеска во истрагите учествува и неговиот брат кој претпладнето дошол од Америка, а попладне очекуваме волонтери од Скопје кои ќе помагаат во истрагите. Напорите продолжуваат – стои во објавата од ОФКАТХ.
Скопјанецот Јовановски (31) исчезна пред седум дена кога заедно со двајца негови пријатели беа однесени од морските струи на плажата во Посеиди, на Халкидики.
Мартин го нема веќе седум дена, а иако е долг период, се уште постои надеж дека ќе биде пронајден жив и здрав.