Брат-близнак ги тепал сестрата и мајката во Карпош, им се заканувал со нож

Од:

18-годишен скопјанец во два наврата ги малтретирал сопствената сестра-близначка и нивната мајка во населбата Карпош, според пријавата на жртвите во полицијата.

„На 09.07.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје, 18-годишна скопјанка пријавила дека на 08.07.2021, околу 15.00 часот и околу 20.30 часот, во семејниот дом на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, таа и нејзината 49-годишна мајка биле физички нападнати од нејзиниот брат М.С.(18), кој притоа со остар предмет им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Во амбуланта почина 36-годишна жена од скопско Кадино

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски