(ВИДЕО) Обраќање на Заев до гласачите: Дојде време на нова политика, во која зборот е збор

Од:

„Еве не повторно заедно, исправени пред уште една историска одлука за нашата Република Македонија – да си потврдиме дека одиме напред, кон раст и развој.

Бидете горди и сигурни – Македонија е слободна и слободно живее!

И сега, мораме да продолжиме!

Промената мора да биде целосна, затоа што на Македонија и треба целосна слобода, економија, правичност и живот во секоја општина.

Вашите барања се јасни и јас ве уверувам дека нашите градоначалници ќе направат се да ги исполнат плановите кои ги создадоа за вас. Децата да бидат згрижени и да учат во топли и пријатни градинки и училишта. Граѓаните да се движат по квалитетни и асфалтирани улици и патишта. Да има канализација во секоја општина. Да има чиста вода за пиење до секој дом. Да дишеме чист воздух, затоа што нема слобода и живот без чист воздух. Секој да добие навремена услуга во својата општина.

Ве уверувам, сето ова брзо ќе се оствари. Дојде време на нова политика, во која зборот е збор, а гласот на граѓаните е најважен. Новата политика значи дека преку централната власт силно ќе ги поддржиме општините и граѓаните. Парите мора да одат на локално ниво, за да направиме општини по ваша мерка, општини кои работат за вас и кои ве поврзуваат.

Затоа, почитувани граѓани на Република Македонија,
Ајде заеднички во нова акција, сега во недела, на 15 октомври!

Знаеме како треба – со пенкало. Сите да излеземе и да го дадеме својот глас за живот во Македонија и во секоја општина.
Ајде да гласаме слободно за да ги завршиме промените што заедно ги донесовме.

За да живеат селата и градовите во Македонија!

За да живеат граѓаните на Македонија!

За да живее нашата убава Македонија!“, изјави премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа