Божикна честитка од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

Од:

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по повод големиот христијански празник-Рождество Христово-Божиќ.

– Блажени сме ние верниците кои на денешен ден ја здогледаа светлината Господова и нашите срца се исполнија со радост. Блажено е и целото човештво кое на денешен ден го здогледа чудесниот сјај на источната ѕвезда означувајќи го раѓањето на Спасителот-Исус Христос. Радоста Божја е најголемата радост на човекот, бидеjќи Христовото раѓање го означи почетокот на победата на доброто над злото, на дарувањето над себичноста, на единството над поделбите, на љубовта над омразата. Преку Него нашата вера во Бога се зацврсти, а љубовта, взаемна почит и толеранција во моментите кога ни е најтешко добија вистинска смисла. Бог во својата љубов и милост не дозволи човекот да стане роб на гревот, туку го испрати својот возљубен Син, за да можат другите да се спасат и да се радуваат на Неговата љубов, сe наведува во честитката.

Кога сите би се радувале и љубеле меѓусебе како што Христос ги љубеше своите ученици, а преку нив и целото човештво, како што се истакнува во честитката, страдањето кое денес владее со светот повеќе нема да постои, бидејќи темнината е немоќна во присуство на големата светлина.

– Оние кои се оттргнуваат од Христовиот пат и нивните срца ги исполнуваат со себичност и омраза, внесуваат раздор во Неговото слово кое е живот, вистина и благодет на луѓето. Токму затоа, во овие празнични мигови да се обединиме во верата и во духот на божјата благодат, и  преку нашите срца кои ја примаат веста за Неговото раѓање, да бидеме вистински посланици на духовниот мир и единството. Христос се роди-навистина се роди, стои во честитката на Комисијата.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ