Божиќно интервју на македонскиот премиер за грчката ТВ Алфа

Од:

Во недела, на Божик, ќе биде емитувано интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за грчката ТВ Алфа во кое што тој зборува за името и решение во првите шест месеци од годинава, за Ципрас, Каменос и Мицотакис, за политиките на Груевски и намерите на Македонија.

– Во првото интервју дадено за грчки медиум, ја повторува намерата да придонесе во преговорите со заемни отстапки во прашањето за името на ПЈРМ. Обраќајќи се и кон грчкиот народ и кон народот на неговата земја, Заев вели дека е во интерес и на двете земји да се најде решение за прашањето за името во првата половина на 2018 година, објавува ТВ Алфа во најавата.

– Зоран Заев ги отфрла практиките на неговиот претходник Никола Груевски и објаснува зошто не се согласува со позицијата на претходните премиери, дека „Скопјаните се единствени наследници на Александар Велики“, наведува телевизијата во најавата за интервјуто, објавена на нејзиниот сајт и додава дека од разговорот, се откриваат намерите на Скопје и до кој степен е подготвено да направи отстапки.

Интервјуто ќе биде емитувано во недела во 20 часот по грчко време, веднаш по централното издание на вестите на телевизијата.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони