А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Бошњаковски: Иванов не може да помилува за „27 април“, ќе ги прекриши законите

by Кристијан Ландов10/04/2019 - 11:3810/04/2019 - 11:44495
Share0

Владата тврди дека претседателот Ѓорге Иванов не може да даде помилување за лицата осудени за случајот 27 април. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вели дека тие не очекуваат претседателот да даде помилување, оти со ваков чекор ќе ги прекрши законите и Уставот.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Постојат две причини поради кои не може да се води постапката за помилување од страна на шефот на државата. Прво, постапката се води преку Министерството за правда. Не постои законска основа за помилување, без претходна постапка во Министерство за правда. Истовремено избришан е членот 11 од Законот за помилување кој предвидуваше таква постапка од страна на претседателот на државата. Исто така, со укинувачка одлука на Уставниот суд, тој член не е оживеан. Не постои таков инструмент. Со оглед дека се претседателски избори, не може да се дадат помилувања. Во Министерството за правда нема пристигнато барања за помилувања. Се што ќе се направи надвор од овие рамки, би било кршење на законите и Уставот. Не очекуваме дека претседателот би се дрзнал тоа да го направи“, рече портпаролот Бошњаковски.

Семејствата на 14 осудени за настаните од 27 април во Собранието на РСМ поднеле барање за помилување до претседателот Ѓорге Иванов. Барање за помилување поднесено е и за ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години казна затвор.

Засега непознато е кој го поднел барањето за помилување за ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од кабинетот на претседателот Иванов за „А1он“ потврдија дека до петокот во попладневните часови биле доставени повеќе барања за помилувања.

 

27 aprilpomiluvanjevlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео