Бошкоски: Портите за коалиција со Груевски ќе бидат затворени

Од:

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, кој вечерва беше гостин во емисијата „Топ Тема” на Телма, никогаш нема да заборави или прости за, како што посочи, тоа што му било наместено во акцијата на МВР кога во 2011 година беше уапсен во Скопје.

Бошкоски рече дека 99 процети од разговорите во „бомбите” за неговото апсење се автентични и порача дека јавноста допрва ќе ја дознае целата вистина.

„Мојата совест е чиста, сега некој друг ќе има немирен сон. Прогонителите сега се прогонети. Јавноста ќе биде шокирана кога ќе се дознае се за тоа кога бев апсен“, рече Бошкоски.

Тој смета дека по враќањето од Хаг, Груевски во него видел конкурент на првата фотелја во ВМРО-ДПМНЕ иако, како што рече, немал амбиции за тоа.

„Никогаш нема да коалицираме со структурата на ВМРО-ДПМНЕ која ја доведе Македонија во деветтиот круг на Данте Алигиери.

Груевски нема лесно да се откаже од власта“, вели Бошкоски.

Посочи дека верува во некогашниот негов лидер, Љубчо Георгиевски.

„Никој не се обиде да ме поткупи по излегувањето од затворот во Идризово“, изјави лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски .

„Тука завршуваат сите приказни за некаква торба со 300.000 евра. Зарем Љубе Бошкоски во последните 10 години не докажа дека е човек кој не може да биде купен и дека не е човек за на политичкиот пазар“, рече Бошкоски.

Бошкоски, изјави дека не е задоволен што Груевски владее со Македонија иако како што рече, бил еден од неговите најактивни поддржувачи кога бил избран за лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ